СЕ НУДАТ ИЛЈАДА КВАДРАТИ ЗЕМЈА ЗА СПОРТ

Локалните власти нудат на продажба во населбата Градина парцела од 1020 м2 за почетна цена од едно евро за градба на објект за спорт и рекреација со приземје и кат на основа од 454 м2.

Градот на електронска аукција дава пет парцели од по 450 квадрати за куќи во населбата Градина и една во селото Големо Коњари со стартна цена од едно евро за метар квадратен. Инвеститорите треба да изградат куќи со приземје, кат и поткровје на основа од 150 м2. Индивидуалните станбени градби треба да ги задоволуваат стандардите за енергетска ефикасност со соодветни термички фасади, сончеви колектори и експлоатација на подземните води за наводнување на зелените површини.

Комуналните давачки се 25 евра од метар квадратен.

Околу дваесетина плаца веќе се продадени по цена од по околу 150 денари од м2. 

Локалната самоуправа продава и парцела од 1623 м2 за станбена зграда со 13 ката,  плус приземје во дворот од касарната.

Loading