ЦВЕЌЕ ЗА РАЃАЊЕТО НА ПАТРОНОТ

Во ОУ “Гоце Делчев”

Учениците и наставниците од ОУ “Гоце Делчев” го прославија роденденот на учителот и војвода чие име го носи нивното училиште. Се присетија на датумот, кога пред 141 година во Кукуш се родил еден од најславните борци за ослободување на Македонија од турско ропство и иницијатор на Илинденското востание.

Неколку групи ученици положија цвеќе пред бистата во училишниот двор. Од најмали до најголеми, сите се водат со мислата на деецот дека “светот е поле за културен натпревар на народите”, а како подобро да успеат во глобалното поле, освен со учење и надградба на знаењето. 

Училиштето ечеше од рецитали и песни, што учениците му ги посветиле на Делчев.

Loading