ЦВЕТНО ЗНАМЕ

          

Од 1 000 црвени и 700 жолти цветови “Далија” направено е македонското знаме во паркот до зградата на локалната самоуправа. Идејата потекна од неколку женски здруженија, а наиде на поддршка од градоначалникот Марјан Ристески. “Жена – паркот” го подигна  “Комуналец”, кој ќе се грижи за одржувањето. Членките на невладините организации “Орхидеја”, “Преродба”, “Мајка традиција” и “Китка” горди се на успешно завршениот проект кој докажува дека добрата идеја доживува и реализација. Ова е само еден пример како размислувањата и решенијата, кои ги нудат граѓаните за подобар изглед на градот и условите за живеење, се спроведуваат, доколку се оправдани и смислени. Проектот “Ден на идеи – Идеја плус за подобар Прилеп” се одржа по четвртпат. Граѓаните и здруженијата презентираа идеи за изградба на мозаик со ликот на Св. Никола, нов начин за грижа за постарите лица, ботаничка градина и многу други идеи. На паркот на револуцијата ќе се поставуваат кафезите со птици. Ова е идеја од Здружението за заштита и одгледување на украсни птици “ТРАГОПАН”, а во соработка со Општина Прилеп и ЈКП “Комуналец”. 

Loading