Маски и шкафчиња

СОУ “Ѓорче Петров”

“Праксата е најдобар учител” – е неофицијалното мото на СОУ “Ѓорче Петров”. Тоа најдобро се потврдува со иницијативната професорка по ликовно Марта Макеска, која е катализатор на идеите на бујните умови кои таа ги образува. За празникот Прочка, учениците ќе креираат уникатни маски за изложба со традиционален – етно мотив. Имаме фатено ритам за Прочка. Инсистирам маските да се од природни материјали и со традиционална орнаментика – македонска, оти ова не е маскенбалот во Венеција, каде обичаите се сосема поинакви. Пред да натреварот и изложбата на маски, имаме интерна манифестација, во која сите училишта од градов и околните села земаат учество – објаснува Кузеска. Критериуми за маските се да имаат отвори за очи и нос, да се оригинални и од материјали што ги дала природата. Не мора да се трошат пари, оти се што потребннот се најдува во домашната визба. Платно, коноп, гравчиња, делови од стари јамболии, пиперки, суви гранчиња и останати материјали се доволни да се прикаже инвентивноста. Плус е само предизвикот за израбока на маски. Високо е нивото на имагинацијата и еланот кај учениците. Ефектите би биле уште подобри, ако се обезбеди простор за кабинет по ликовно. Ама и вака секоја година освојуваат награди. Друга интерсна сторија е иницијативата на Спасе Здравески и Коле Штрлески, од практична настава за техничар за мебел и ентериер. Ги “поттурнале” учениците да направат шкафчиња за професорите. Материјалот го обезбедил директорот, барањето било на професорите, а изработката на 54 ученици. Резултатот е одличен и може да се рамни со професионалните изработки од фабриките за мебел. Добриот збор на далеку се слуша, па директорката од ОУ “Добре Јованоски”, нарачала гардеробер по урнекот на изработените. Го добила во најбрз можен рок и е многу задоволна. Од средставата, ќе се купат уште материјали за оваа струка да продолжи да работи со зголемено темпо. Занаетот е перспективен за ентузијастички настроените ученици. Им укажуваме на учениците И сметаме дека допираме до нив – заврши Штрлески.

Loading