Еко подови в гимназија

Како што кажа на патрониот празник, така и оствари, директорот на гимназијата “Мирче Ацев”. Веќе е при крај еден од трите проекти за училиштето – сменувањето на подот. Недостасуваат само финесите на третиот кат, забавени заради неповолните временски услови. Директорот Николоски рече дека конечно е сменет “античкиот” паркет, поставен кога се отворала гимназијата пред 60 години. Обновен е под на 1057 м2 во 18 училници и 4 кабинети за 1,3 милиони денари, во целост издвоени од општинската каса. Новиот ПВЦ, англиско под ги запазува еколошките стандарди, но е и отпорен на триење, отпорен на хемикалии и на сончеви зраци. Да нема застој во наставата, класовите “ротирале” по кабинетите. Додека се чувстуваше мирисот на ново, градоначалникот Марјан Ристески направи опуштена “инспекција” низ неколку училници и контактираше со учениците. Како екс-гимназијалец, вели дека постепено се дотерува Гимназијата. Ќе се изградат две игралишта, едното повеќенаменско, а другото за кошарка. Со други зафат ќе се уредува хортикултурно и ќе се озеленува дворот за да ја направиме Гимназијата да биде гордост за градов – рече Ристески, задоволно гледајќи го таблото од 89-та година кога матрант. Најави континуитет на трендот на обнова да се подобрат условите, а учениците да редат петки, а не единици во дневникот. На послабите и вети честење на тримесеичето, ако ги поправат оценките.

Loading