Гимназиски снајперист

Јулијана Димитриоска која е втор клас во Гимназијата е прв стрелец со воздушна пушка на државно ниво. Иако почнала да ја “гледа метата преку нишанот” само пред две години, веќе освоила прво и трето место на државно ниво. Ја интересира стралаштвото, бидејќи тоа í е во крвта. Татко í, кој бил “махер” со воздушна, ја насочил, а останатото е нејзино дело. Меѓу 90 учесници од Македонија, таа во една година освоила две медаљи. За стрелаштвото се потребни концентрација, вежбање и талент. Вежба по трипати неделно во клубот “Стрелец 09”. Чудно е како без соодветна опрема, која е прекупотребна за овај спорт, Јулијана освоила вакви одличја. Ако се исполнат ветувањата на клубот за купување на специјални корсети и нараквици кои имаат за цел да го држат телото на стрелецот црврсто, којзнае каде ќе й биде крајот. Идол í е татко í. Се стреми да ги надмине “десетките” на Дивна Пешиќ. Ако не успее во стрелаштвото, резервен план í е да стане правен работник. Во слободно време џогира, чита и гледа ТВ.

Loading