Тито  не го чекаше толку рарод, како Победа

Фудбалската легенда, Кирил  Атанасоски – Бикерес

– Не сакав популарност, оти кај појди само тебе те гледаат

Спортска фудбалска ѕвезда на Победа за пример беше Кирил Атанасоски – Бикерес. Со прекарот, сите го знаеа. Многумина го сопираа  низ град да го чепнат за фудбалот, иако кариерата како десно крило ја завршил пред 58 години. Настапуваше во Републичка лига, Четврта зона, југословенски куп, Втора лига…

-Не знам точно како сум го добил прекарот. Седев на клупа в гимназија со еден Турчин, Љутвија. Кога правевме писмени, од дома требаше да носиме мастило и перо. Носев само перо, а тој мастило. Му велам: Дај да макнам еднаш – двапати. Го реков на турски, отприлика звучеше на бикерес и така настана прекарот по кој сите ме познаваат. Во Прилеп, штом немаш прекар, никој нема да те знае – велеше Атанасоски.

Фудбалските чекори првин биле во СД Гоце Делчев во 1949 година, на 15 години. Заиграле млади и тој почнал една година порано од прописите. Другите биле казнети и немало кој да игра. Првиот меч бил во Штип каде гледачите викале ,,Уа Гоце Делчев!,,. Така функционерите решиле тимот да го смени името во ФК Победа, а Бикерес влегува  не излегува 16 години.

-Многу натпревари одиграв. Не се заборава голот со ,,ножички,,. е дома со фаворитот Спартак од Суботица. Победивме 3-0 – велеше Бикерес.

Со тренерот Никола Новаковиќ, тренирал само слободни удари. Поставувал една табла во висина и должина на голот. На неа имало бројки и нив ги гаѓал. Така станал мајстор за слободни удари.

-Тренирав со осветлување и ноќе. Имав двоен фелш.. Топката прво оди пет-седум или десет метра во еден правец, потоа менува друг фелш, а со последниот удар се чини како да излегува надвор. Голманите не реагираат, а топката влегува в гол. Само голманот Стојановиќ од Звезда одбрани. Му честитав – кажуваше Атанасоски.

Бикерес бил голема ѕвезда од педесеттите и шеесеттите години, кога Победа претставувал најголема вредност.

– Кај појди, само те гледаат. Кога бев со друштво, им велев на другарите: Да си одиме, оти не сакав популарност. Идевме од Приштина или Косовска Митровица и цел град не пречекуваше. Тито да беше, немаше толку народ да има. Сите со цвеќиња. Публика ги следеше и тренинзите. На железничка нé испраќаа 200-300 души. Популарни бевме – велеше тој.

Гимназијата сосе професори и ученици ја испланирале екскурзијата низ Југославија да се совпадне со натпреварот на Победа со Спартак во Суботица.

– Таму видов и еден старец. Седна до мене во ресторанот каде што ручавме пред натпреварот. Го прашав, што муи текналода дојди до Суботица, а тој рече да навивам. Алал да ти е.Од дома мислат дека избегав. Го продадов магарето и со парите дојдов. Имаше многу како нег – памтеше Атанасоски.

Атанасоски ја завршил кариерата на 31 година, а сите посакувале да игра уште. Ја пропушти пресудната 1965/66, сезона во која Победа за влакно не успеала да влезот во Првата југословенска. Се велело дека ако бил Бикерез, ќе бил постигнат најголемиот успех.

– При изведување на корнер ја кренав ногата и така останав. Лежев пет месеци на штица во Скопје. Доктрите ја сметаа операцијата ризична со последица од инвалидитет и количка. Повеќе топка не удрив – се сеќаваше Бикерес.

Се посветил на тренерската работа. Обучувал пионери. Негово “дете” е Марјан Стојкоски – Манта.

Подоцна ја гледал Победа без сум коментири за мечевите. И престанал да оди на стадионот, како дуќанџија да нема дуќан. Крастата ја чешал со следење на натпревари на ТВ.

-Некогашниот фудбал имаше убавина. Немаше гладијаторско со 120 минути. Сега се игра брзо, остро, се шутира повеќе. Условите на терените се совршени, со опрема, топки, исхрана, психолози… – кажуваше Бикерес.

Нит професионалци, ниту аматери

-Немаше услови. Се миевме по бунарите кај соседните куќи. Теренот беше без трева. Го вадеа со цистерна да не се крева прашина. Патувавме со товарни камиони низ Македонија. До Битола се воземе четири-пет часа. Игравме фудбал на средина. Не бевме ниту професионалци, ниту аматери. Даваа некои пари, а ниеденне беше осигуран. 99 отсто работеа – кажуваше Атанасоски.

Највредното е чесноста

-Важно е популарноста да не те замрачува. Луѓето да не те заборават, да те почитуваат, а не да викаат ,,уа,,. Највредна е чесноста и да нема ароганција. Да се прави муабет сос ите од амали до доктори – го кажуваше своите морални погледи Атанасоски.

Loading