Фељтон: Томе Велјановски
Нашите марулски воловарчиња се согласија да му се купи на јунецо Шарко Нацков ѕвонче со ремен. Таа одлука ја донесоја постарите воловарчиња заедно со марулските говедарчиња Петрески Раде Бабјак и Здравески Симон Чонески. Помалите воловарчиња е прифатија идејата односно одлуката, а пари нема. Се донесе идеја да се собират кокошкини јајца на било каков начин. Јајцата да се претворат во пари. Акцијата почна. Одговорни за јајцата и пазарот беа Раде Бабјак и Нацко Мурџески.
За кратко време беа собрани 55 кокошкини јајца, кој како се снашол не е важно, одавде – оданде. Едно утро Раде и Нацко јајцата во две дрвени плетени кошници ги товарија на магаре и ги продадоа во Прилеп. Од таде си дојдоја со купени ѕвонец и ремен за ѕвонецот. Јунецо од Нацко беше наружан и таква невидена радост беше меѓу марулските воловарчиња.
Овој настан кај марулските воловарчиња се пренесе до бонечките воловарчиња. Тие се одлучиле за да се уверат дали е вистина да канатларските бикови од Демка Пупуто биле победени од марулски бик чудо големо.
Иначе, бонечките воловарчиња со марулските воловарчиња никогаш не правеле средби затова што нивното с. Бонче е на крајот на северната на нивниот сињор е премногу далеку, сигурно има четири километриц до брегот бонечки марулски. Поради од с, Бонче до с. Подмол има четири километри исто така растојание е и од марулскиот сињор. Нивното движење за пасење на воловите Старо Бонче, Чашица и Слива.
Сепак еден дел од бонечките воловарчиња сакале да имат средба со марулските воловарчиња за да сознат нешто повеќе за бикот Мурџески од Марул. Еден летен ден во 1955 година еден дел од марулските воловарчиња и тоа: Атанасоски Јосиф Танески седум годишен, Атанасоски Сребре Танески седум годишен, Василоски Китан четиринаесет годишен, Велјаноски Благоја Блаже Танески девет годишен, Велјаноски Методија Танески дванаесет годишен, Дамјаноски Благоја единаесет годишен, Јованоски Данчо Курела десет годишен, Јованоски Петре Курела дванаесет годишен, Јовчески Томе Велјаноски десет годишен, Јошески Данчо Котески девет годишен, Митрески Коста Мурџески единаесет годишен, Митрески Ристе Мурџески десет годишен, Ристески Спасе Танески единаесет годишен. Со своите волови за време ручек, пладнина беа во местото Горните Кладенци во страната каде е игра играта лажана.
Туку од ненадеж од кај брегот кај местото Плочите се појави една поголема сурија на бонечки волови, ги тера воловарчињата бонечки за пиење вода на нивните волови во Горните Кладенци. За нас некој се познати деца од школските средби, а дел од нив за нас повозрасни непознати деца.
Главен водач на бонечките воловарчиња му беше Велјаноски Ристе Гулески Узуно петнаесет годишно момче познат кај марулските воловарчиња поради пред една година во 1954 беше марулско говедарче со брат му Петре и брачедите му Славе и Митре Тантушоски. Присутни бонечки деца воловарчиња со своите волови во Кладенците:
Бојмата Диме, Дамчески Димко, Јанкулоски Методија, Карадакоски Богдан, Колески Митре, Капларо Анѓеле, Ѓаволо Трајан, Маркоски Благоја, Славкоски Китан, Борис Топчија. Се направи средба помеѓу марулските и бонечките воловарчиња. Во исто време од кај Големите расје се појавија марулските говеда, доваѓа за на вода за време пладнина на Долните и Горните кладенци пасени од марулските говедарчиња Петрески Раде Бабјак Раде петнаесет годишен и Здравески Симон Чонески единаесетгодишен. Дојдоја и гајдарчината Раде и Симон, се направи голема пријателска средба меѓу марулските и бонечките деца. Се разви разни дискусии, сé и сешто.
Ристе со повеќе презимиња од минатото како Велјаноски, Гулески и Узуноски, зборлесто момче се пофали да по баба му Велика, мака на мајка му е Јанкоски потомец марулец. Но, ете со убиството на бегот Утоски каде биле момци, дедо Трајко и баба Велика за да не помислат тие го убиле бегот се иселиле во Штавица.
Раде Бабјак го прекина кажувањето на Ристе и му рече, Узуне не е така како што велиш. Мајка ми Мара е родена Курелоска каде е загинат бего мислам, а не тврдам да се викал Јусиф Утоски. Обесувал низи со црвени пиперки да се сушат на ѕидот од Кулата качин на скалата. Наишол неговиот бик Јаваш со роговите е превртил скалата, паднала со се Бего и смртно наместо умрел. А додека Трајко Плускач од страв ги наполнал бечвите, се преселил фамилијарно во Штавица. Ако тој бил виновен в раце му бил на Утовци сместа ќе го отепале. Или ќе му ги пуштеле убијците Иламовци. Пардијовци од Канатларци или пак Јашаровци од Ерековци и каде да се криел ќе го отепале Утовци ја виделе вистината, а биле со исав луѓе. Настана голема смеа меѓу децата за зборот ги наполнал бечвите. Раде Бабјак продлжи да раскажува Кулата кај вујчевите Куреловци Јоновци е турна во 1948 година на мое знаење каде ги потисна вујчевите која ги потисна благодарение од помошта на марулци вујчевите Ванѓел и Алексо беа извлечени од под урнатините на Кулата. На нејзиното место во 1848 година јоноските вујчеви е направија денешната куќа од дедо Јован Јоноски Курела рече Раде Бабјак во местото Горните Кладенци.
Узуно Ристе возврати во смеа, затова баба понекогаш го викаше дедо, серло, еден не ти чинеше во Марул, ме донеде да живееш во пештерите штавички, во жетвата асолно не наполнав раката од ожнатото жито.
Бонечките воловарчиња преку Ристе Узунот се изјансија дошле овде за да го видат марулскиот бик кој ги победил канатларските бикови од Демка Пупуто кој биле припремани за натпревар за буцање на чаирската арена за муслиманскиот верски празник бајрам им кажа за неговата победа. Собраме пари и со Нацко од Прлеп како награда на бико му купиме ѕвонец со ремен. Но, на жалост јунецот денес не е овде. Тие малци денес со воловите се во Превалец или во Штавички ливади.
Откако завршија со сите разговори дојде до идеја за буцање на волови бонечки со марулски. Бонечките воловарчиња го определија сивиот крупен вол од Борис Топчија. Додека марулските воловарчиња го определија Шарко од Трајановци. Само што се судрија воловите со роговитесе слушна навивачки глас од двете навивачки страни турскиот бор тут сивче тут Шарко. Марулските воловарчиња е знаеа шарковата способности веруваа во неговата победа. За кратко време Шарко беше победник.
Бонечките воловарчиња се правда да нивниот Сивче не му е познато местото затова Сивче изгубе. Во тоа има нешто вистина. Ние им објасниме страмота е Шарко да изгуби на второ место е за буцање во Марул после Брешко Јанкоски.
Групата на воловарчиња од Западното маало Мурџески Нацко и Петре, Колески Цветан тоти Павлески Борис Ванчоски, Павлески Богоја Павле и Миле Јоноски тој ден нивните волови ги пасеа во Штавички ливади.
Третата група на марулски воловарчиња Бошески Драган и Јанкоски Ванчо беа самостојни воловарчиња нема интерес ни за никакви игри самобендисани претежно воловите ги пасеа во Долни Превалец. Јанкоски Ванчо мој комшија на дваесет метра за време на годишниот школски распус од три месеца ретко се видуваме.
Продолжува