Започна новата учебна година
Успешен старт на учебната година им посака на сите ученици заменик градоначалникот Диме Бозоски кој на првачињата им подели училишен прибор. Тој им поска добредојде на првачињата на првиот училишен ден, поради службено отсуство на градоначалникот Јовчески во Шведска.
Годинава Општината Прилеп обезбеди бесплатен оброк за сите ученици од прво и второ одделение. Мерката е со цел да се намали трошокот на родителите, но исто така и децата да стекнат навика за здрава исхрана.
Заменик градоначалникот Бозоски со делегација од Општина Прилеп ги посети сите основни училишта во градот и населените места. По повод почетокот на новата учебна година во сите основни училишта беа оранизирани свечености за пречек на првачињата.