Во храмот Св. Петка
Младите прилепски музички таленти ќе приредат несекојдневно музичко доживување. Првпат обединети ќе настапат под сводовите на храмот Св. Петка, на 4 септември во 19 часот.
Концертот „Прилепски млади виртуози” е уникатна можност да се слушнат на едно место, дел од најдобрите студенти во земјата и странство, средношколци од музичките училишта во Македонија, како и ученици од музичкото училиште во Прилеп.
– Во акустичниот амбиент на храмот Св. Петка, нивните изведби ќе го исполнат просторот со звуци на хармонија и убавина. Преку присуството, ќе дадеме поддршка на младите таленти на почетокот на новата учебна година и ќе покажеме дека како заедница ги вреднуваме и негуваме нивните дарби – велат од Одборот на концертот.
Концертот е почеток на нова традиција, која ќе се повторува секоја година и ќе овозможи да биде прикажан растот и успехот на прилепските млади виртуози.