ТАЈНА КАСА СО ЖЕТОНИ

ВО ЦРКВАТА СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ

При санацијата на покривната конструкција на црквата Свето Благовештение, над галеријата од женската црква, во делот за црковниот хор, меѓу носечките греди беа пронајдени две платнени кеси со непознати монети, скриени меѓу графичките листови со икони и поставени во мало таинствено засолниште. Од многуте години, платнените кесички се скинале при нивното вадење од бункерот, а монетите биле собрани. Биле изброени по 250 монети (вкупно 500) кои биле депонирани во црковниот сеф. Откако дел од паричките биле исчистени од прашината, откриено е дека станува збор за жетони.  Тие се драгоцено богатство за црквата, сведоштво за минатото, спомен од големиот потфат на санација и реконструкција на покривот. Тие ќе најдат свое место во црковниот музеј и ќе бидат презентирани пред целокупната јавност. Со откритието, историјата на црквата е побогата со уште едно многу важно поглавје.

Жетоните немаат парична вредност денес, ниту кога биле ставени во тајната каса. Биле условна фракција на парата. Најпогодни биле жетоните на трговските куќи. Така се јавиле жетоните во тајната каса на црквата Свето Благовештение.

Црквата е градена во тешки финансиски услови. Затоа не е чудо жетоните намерно да биле криени. Висела опасноста да бидат одземени од турските власти. Можно е да биле завештание од некој прилепчанец за довршувањето на црквата. Можеби се оставени и на денот кога се довршувала чатијата, во знак на благодарност за успешната градба на грандиозното дело. Можно е тајната каса да е резерва за зло време. Сепак, најважно е дека оваа тајна каса носи карактер Црковните жетони биле вклучени паралелно со монетите од редовниот паричен курс, оти црквите имале потреба од ситни парички кои најмногу се користеле како доброволен прилог при ставањето во дискот како помош за црквата или за купување на ситни свеќи од верниците. Османлиските пари биле преголем залак за верниците, а епитропите не биле во можност да враќаат кусур на верниците на толку големи вредносни монети. Од тие причини, жетоните нашле голема употреба во стоково-паричните размени во црковната економија.

Според нумизматичарите, жетонот се користел за калкулациите на сметките. Најчесто бил од бакар или бронза, но и од сребро, а од злато многу ретко. Познати се жетоните од Англија, Франција, Холандија, Германија…, а веројатно ги има и во други земји, но во помал број.

Крајот на 18 и почетокот на 19 век се карактеризира со развиени стоково-парично односи по балканските земји. Плаќањата барале поголема прецизност и конкретност. Османлиските монети не одговарале на пазарните потреби.

Loading