Уште едно дерби за Г. Коњари

Трета

В недела е второто коло од Третата лига – Југ, со дербито во Велес, Превалец – Големо Коњари. Второ дерби за Г. Коњари, по минималниот пораз од 1:0 во Крушево од Питу Гули. Во терминот од 15 часот играат уште: Слога – Питу Гули, Венец – Дреново, Обршани – Влазними јуниор, Младост – Башкими, Бучин – Ултрас, а Росоман е слободен.

Од претходното коло за одбележување е ремито на Бучин дома со 0:0 против Превалец, а еве ги и другите резултати: Ултрас – Младост 2:1, Башкими – Росоман 1:0, Влазними јуниор – Венец 2:4, Дреново – Слога 1:1.

Loading