Деспина со Вардар, Прилеп со Пролет

Ракомет

Првите есенски натпревари во машка и во женска конкуренција на претстојнава ракометна сезона стартува в сабота, 7 септември. Двете сениорски екипи од Прилеп се домаќини. Во ист ден, в сабота, во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” се играат два меча. Публиката ќе може четири часа да се изнагледа ракомет. Првин е е женскиот дуел Деспина – Вардар, од 1. рунда на Супер-женската лига В-група. Деспина е засилена со две повратнички, голманката Матеа Чурлиновска и левото крило Адела Еленин. Летово тимот одигра еден тест-меч со штипски Астибо, дуел завршен со победа. Веднаш потоа, од 18, 30 часот, на истиот паркет е машкиот дуел Прилеп – Пролет, во 1. коло на Супер-машката лига.

Во Супер-женската лига се 15 тима распоредени во три групи, а во Супер-машката се 12 тима.

Охрид прв, Прилеп петти

Деветтиот меморијален меѓународен ракометен турнир “Миле Нешкоски 2024” го одбележа екипата Охрид. Таа го освои првото место со три победи, во финалето над Еурофарм Пелистер 2 од Битола. Третото место е за кавадаречки Тиквеш, четвртото за Врање, петтото за Прилеп, а на шестото е Куманово. Прилеп забележа два пораза и една победа, а со вкупно 4 контролни меча го чека првенствениот старт.

Наградите на турнирот ги добија: Теимураз Орјонокидзе од Охрид (најдобар играч), Мартин Јовановски од Еурофарм Пелистер 2 (најдобар голман), Гал Цирар од Охрид (најдобар стрелец со 30 гола) и Гоце Бозароски некогашен бек и тренер на Тутунски комбинат (награда за животно дело).

Loading