Ремек делата на Барселона

Барселона е град на Средоземното море. Медитерански шпански, кој плени со комбинацијата од богата историја, архитектура, култура и традиција. Место е каде гордо се издигнуваат ремек архитектонските дела на Гауди, како Саграда Фамилија, паркот Гуел, потоа куќата Батло, улицата Ла Рамбла… Возхитува со енергијата, музеите, шармантните улици, шарените локални, сувенирници, плажи… Привлекува милиони туристи .

Го носи епитетот “цвет меѓу најубавите градови на светот”.

Најимпресивно е ремек делото Саграда Фамилија. Тоа катедрала, архитектонското чудо на каталонскиот архитект Гауди. Се гради од 1882 година, и уште се доградува. Пости надеж дека е можно да биде завршена до 2030 година. Гауди комплетно се посветил монументалната базилика. Цели 40 години, до смрт во 1926 година, ги вложил знаењето и трудот. По смртта, продолжила градбата по урнекот на неговите скици и проектот. Внатрешноста е завршена во 2010 година,. К омплетирана треба да биде со гардбата на централната Кула на Исус Христос, висока 172 метри. Треба да има пет кули, од кои едната, највисоката ќе биде посветена на Богородица. Базиликата е вистинска туристичка атракција. Таа е на светската листа на УНЕСКО. За влез се чека и по неколку часови. Ама задоволството е фантастично.

На ридот Ел Карамел е паркот Гуел. И тој е дело на Гауди. Паркот е спој на природата и архитектонските елементи по препознатливиот стил, со голема тераса, бајковити куќарки, декорации и мозаици од искршени керамички плочки.

Ридот Монжуик, на 185 метри, гордо се крева над градот и пристаништето. Посетителите уживаат во панорамата на морето… На врвот е тврдината од 17 век со многу паркови и други објекти. Се стаува со автобус или со жичница.

Волшебната фонтана е атрактивно место за туристите. Изградена е 1929 година. Таа е спектакл со вода, светлина и музика… Последните години се реновира. Се наоѓа меѓу плоштадот Еспанија и националниот музеј Каталонија. Тука е и шпанското село, составена е од повеќе мали фонтани,  кои водат до главната од 35 метри.

Се преплетува историјата  во готскиот кварт. Има градби од 14 век, дури и од антиката. Главно објектите се од 19 век. Пикасо живеел и творел во лавиринтот од тесни улички, затворени за сообраќај. Меѓу убавите градби е Каса Батло, куќата од Гауди. Ја викаат “куќа од коски”, заради фасадата. Голем дел од зградата е покриен со керамички плочки, типични за стилот на Гауди. Покривот е во форма на змија. Има мала купола. Куќата Мила потсетува на морски бранов. Оградата е како морски алги. Во музејот на Пикасо се поставени преку 4000 дела.

Стадиот Ноу Камп уште се реновира. Незаборавен е Аквариумот со над 11 илјади примероци на растенија и животни. Посебна атракција е подводниот тунел. Паркот Цитадела е уште една локација за прошетка, небаре зелена оаза. Езеро, зоолошка градина, трумфална порта, импозантна фонтана….

Најпознатата улица Ла Рамбла е 1200 метри, од споменикот на Колумбо и до плоштадот Каталонија. Улицата освојува со локацијата и ширината. Концентирација на продавници, ресторани, кафулиња, сувенирници, операта, театарот. Препознатлива е по уличните уметници со разни перформанси. Очите се плакнат во пазарот Ла Бокерија. Тој е живо место без клуч со врева  на продавачите, купувачите и туристите.

Во кафулињата и рестораните пожелно е да се вкуси тапас, лигни, паелјо, шпанско пиво или сангрија.

Природата í дарила на Барселона  фантастини плажи.

Текст и фото : Каролина Мицевска

Loading