Кошарка
Само наизглед летово е мирно во прилепската кошарка, по завршувањето на четвртфиналето од плејофот во Втората лига, во кој учество зеде тимот Мега баскет. Клубот сериозно работи за следната натпреварувачка сезона.
– Клубот има стабилна финансиска основа. Се надеваме на две-три засилувања: две на центарската позиција, едно на плејмејкер или бек. Се надеваме дека кошарка ќе се игра во Универзалната сала или во друг соодветен објект, затоа што покрај второлигаш, ќе пријавиме и млад тим во Третата лига – најави Данаил Домлески, претседател на Мега баскет.
Клубот по 15 август почнува со упис во младинските категории.