АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Дојден од село, а за граѓанинот вели “сељак”.

*

Со куршуми не се испишува “МИР”.

*

Не’ задеваат, а ни’ велат да бидеме мирни.

*

Ако дозволиш ‘рѓата да ти се прикачи ќе ти ја исцица стабилноста.

*

Кога државата тоне само народот може да ја спаси.

*

Ако одиме кон залезот не може  да се убедуваме дека сме пред самиот влез.

*

Несреќата на народот не смее да биде среќа за ниту една партија.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading