Дојден од село, а за граѓанинот вели “сељак”.
*
Со куршуми не се испишува “МИР”.
*
Не’ задеваат, а ни’ велат да бидеме мирни.
*
Ако дозволиш ‘рѓата да ти се прикачи ќе ти ја исцица стабилноста.
*
Кога државата тоне само народот може да ја спаси.
*
Ако одиме кон залезот не може да се убедуваме дека сме пред самиот влез.
*
Несреќата на народот не смее да биде среќа за ниту една партија.
“Д-р Хаџи-Васков”