Јадран за сонувачи и авантуристи

Не исчезнува од сеќавањата хотел Јадран. Го памтат постарите плочникот со џагор и бука од минувачите, од пијачите. Јадран нудел сé, од пиле млеко, што велат.

Работеле сиромави како келнери или хигиеничари, за некој турист и француски авантурист кој по пижами би прелетал по коцката пред подоцнежната продавница на Југопластика.

Што ли барал во прилепската “бара”? Знае само коската на градбата хотелска стара! Приказните за убавините ги знаат хотелиерите – хотелиерките, макроата, собарките, келнерите за журките, крштевките, пијанките… И плус, сеирџиите и мајтапџиите од ресторанот.

Јадран бил јадрото на градот. Бил Меката и Медината на гурманите, на “мудурите и мајмуните…”

Да не ја расипуваме со збор магијата на фотката!

Loading