Лошите врски најтешко се кинат.
*
Со параспур не поаѓај на пат.
*
Не може да се нуди пекол за повисоки цели.
*
Секое домаќинство мора да има шеф – на кујната.
*
Ниту политичари, ниту историчари, немаат право да лицитираат со историски личности и настани.
*
За идеали не можат да гинат будали.
*
Генерали се најмалку потребни на генерални собранија.
“Д-р Хаџи-Васков”