УБАВ ЗАЛЕТ НА ЦЕВИТАНА

Жени

Екипата Цевитана со 4:2 славеше победа над Топ гол, во 4. коло од Првата женска фудбалска лига. Соседското дерби во Битола беше со пресврти, за на крајот се случи триумф на прилепскиот тим, со головите на Сара Евтинџиоска, Анастасија Илиевска, Ана Боризоска и Фросина Трипчевска. Ова е трета есенска победа во четирите меча на Цевитана, така што со силен залет се очекува дербито дома со струшкиот Ас унитед.

Табела: Саса и Ас унитед по 10, Цевитана 9, Тиверија и Љуботен по 7, Скопје 6, Истатов 3, Речица 2, Топ гол и Шкендија по 1.

Loading