Лука во борба со Босанецот Срѓан

Моделарство: Светски куп

Воздухопловното моделарство е еден од спортовите каде Прилеп има реални шанси за освојување медал. Конкретно, Лука Најдоски (член на клубот Фил феникс) во Ф1А (едрилици) е пред целта, затоа што е меѓу тројцата најдобри јуниори на ранг-листата од светските купови. На последното учество на “Хого светски куп” во Нитра, Словачка, освои второ место, сребрен медал и нови бодови. Во флајофот беше заедно со еден од можните конкуренти, Јан Зајиц од Чешка, осмопласиран. Сега вниманието е кон следниот “Македонија светски куп” во Веселчани, Прилепско, најавен за викендов. На домашен терен Најдоски ќе се бори против конкурентот за сребрен медал Срѓан Врањеш од Босна и Херцеговина.

На светската листа одлично стои и помалиот брат на Лука, Дино, меѓу десетте најдобри во вкупниот пласман за светските купови.

Loading