Деспина одлична

Ракомет

Несекојдневен пресврт се случи на мечот Деспина – Спартак, од 3. рунда на Супер женската ракометна лига, В-група. Гостинките од Скопје водеа на полувремето со 12:11, а и во 32. минута со 14:13, но понатаму прилепскиот тим се разигра и се избори за голем пресврт. Крајниот резултат е 39:27 за Деспина, за први два есенски бода. Најистакнати стрелци: Андреа Конеска со 9, Ангела Камческа и Сања Цветкоска со по 6 гола. Во следното 4. коло во Скопје играат Шампион – Деспина.

Во 3. рунда од Супер лигата за мажи, Прилеп – Охрид 26:30. Најистакнати стрелци: Никола Јеремиќ со 6, Пеце Рајатовски и Томислав Квастек со по 4 гола. Во следното 4. коло е дуелот во Скопје, Алкалоид – Прилеп.

Loading