ТОН НАГРАДИ ОД ШТИП И ВРАЊЕ

ОМУ “Ордан Михајлоски Оцка”

Ученичката Дарија Богеска на пијано кај проф. Христина Никоска Тасеска се закити со прва награда на меѓународниот фестивалот со натпреварувачки карактер ,,Сергеј Михајлов ” во Штип. И учениците по пијано на проф. Христина Никоска Тасеска освоија награди: Софија Ташкоска – специјална прва награда, Хана Петреска – прва награда и Дафина Момироска – прва награда.

Први места освоија и Леонид Ржаникоски и Алексеј Митрески од класата на проф. Борис Миленкоски. И класата по кларинет на проф. м-р Александра Ивановска Анѓелова освои награди: Стефан Ѓорѓиоски и Давид Трајкоски – специјална прва награда, а Никола Паскоски – прва награда.

Учениците по виолина на проф. Марија Јанчулеска беа први: Кирјана Стојанова, Ксенија Мечева и Исидора Спиркоска. Во класата на проф. Весна Станкоска најдобри беа: Матеа Иваноска, Исидора Павлоска, Милица Мирческа, Марта Трајаноска и Миа Петлеска.  Три први награди освоија и учениците од класата по народни инструменти под менторство на проф.  Мендо Ташкоски.

Освен од Штип, и од Врање, Србија од интернационалниот натпревар “Мали пијанисти” учениците од класата по пијано на проф. Христина Никоска Тасеска се вратија со награди: специјална прва награда – Хана Петреска, прва награда – Софија Ташкоска и за Дафина Момироска. Втора награда зеде Каја Атанасоска кај проф. Јулија Д. Златеска.

Инаку, до крајот на мај е уписот на нови ученици во музичкото училиште. Потребна е пријава и извод.

Loading