НАЈУСПЕШНИ ВО ВОЗЕЊЕ ТРАКТОР И КАЛЕМЕЊЕ

СОУ “Орде Чопела”

На 51 Државен тракторски натпревар учениците од СОУ “Орде Чопела” беа најуспешни во две дисциплине. Прво место во вешто возење освои  ученичката Наталија Ризоска, под менторство на професорот Камче Бошковски. Со прво место и тоа за калемење се закити ученикот Биљан Демироски, а негов ментор беше професорката Ружица Јагуриноска.

Преку Државниот тракторски натпревар за средношколци, ученици стекнуваат практични вештини врз основа на теоретските во школувањето.

Натпреварот имаше шест дисциплини. Вешто возење и управување со трактор со категории машки и женски, препознавање на семиња и плевели, коски и органи кај домашни животни, калемење на овошки, аранжирање на цветни аражмани и органско земјоделско производство.

Loading