Комуналец
Покрај дождливото време, завршено е обновувањето на музичкиот парк во Врбеско маало. Паркот, низ годините, се претвори во паркинг простор од несовесни граѓани и целосно се уништи. Заради заштита, извршено е оградување на паркот, засејување со нова трева, преуредување на дел од бекатон патеките и тротарскиот дел, како и бојадисување на канделабрите.
Се обновуваат и уредуваат парковите и во населените места. Рехабилитирани се парковските клупи, извршено е бојадисување и поправка на нишалките како и оградување на детското игралиште во селото Мажучиште.
Планот на Комуналец е наредниов период, доколку послужат временските услови, да се обноват парковите со детските игралишта во 11 населените места.
Додека се обновуваат зеленилото и парковите, несовесни граѓани ги искршиле новозасадените липи по булеварот ,,Гоце Делчев’’, накај автобуската станица. Засадените дрвја го формираат мозаикот на зелена општина, а Прилеп е прогласена за најзелена општина од Канцеларијата на Европската унија во Скопје потсетуваат од Комуналец.