ОСУДЕНИЦИТЕ ЌЕ УЧАТ ЗАНАЕТИ

Во затворот

Осудените лица во затворот ќе изучуваат занаети и ќе се доквалификуваат. Проектот почна од јули годинава, а ќе се спроведува 3 години. Мотивите се полесна адаптација и ресоцијализација на осудените по издржувањето на казната.

Проектот се реализира поради високиот процент на повратници во казнено поправните домови

Ваков проект спроведуваат Центарот за граѓанска иницијатива со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, а е поддржан од ЕУ.

Се предвидува обука и опремување на кабинет, браварска работилница со ИТ опрема за осудените кои се при крај на отслужувањето на казната за да станат поконкурентни на пазарот на трудот. Тоа практичнио е можност за ресоцијализација и за вклучување во општествениот живот.

Во прилепскиот затвор осудените се ангажирани во земјоделска економија.

Loading