ПЕНЗИОНЕРИ ОД 29 ЗДРУЖЕНИЈА ВО ПРИЛЕП

ЗА 11 ОКТОМВРИ

Весело и мошне разиграно беше во Прилеп на 11 Октомври, на Денот на македонското вооружено востание, кога пред 81 година во Прилеп и Куманово пукна првата партизанска пушка против фашистичкиот бугарски окупатор. На овој ден во организација на Здружението на пензионерите од Прилеп се одржа традиционалната пензионерска средба за овој голем  празник. Се собраа повеќе од 400 пензионери од 29 здруженија, членки на СЗПМ. Присуствуваа и претседателката на Сојузот, Станка Трајкова, потпретседателот на СЗПМ, Метор Ќоку и претседателот на Собранието на  СЗПМ, М-р Илија Адамоски.

Пензионерите ги поздрави и им го честита празниот претседателот на ЗП Прилеп, Славко Трајкоски. Ги запозна присутните со значењето на празникот 11 Октомври и големиот придонес на борците, партизаните од Прилеп и околините градови и за што овој град е избран за Град – Херој. Трајкоски информира за имињата на прогласени 15 народни херои, за нивниот придонес  во НОБ. Пожели многу здравје, долг живот и уште многу, многу средби, кои за пандемиските две години не се одржуваа.

Гостите од повеќе градови ги поздрави и претседателката на СЗПМ, Станка Трајкова која им посака весел, среќен и долг живот на сите пензионери, честитајќи им го празникот.

По ова се разви голема веселба и широко оро на кое и оние кои не знаеја се фатија  и заиграа.

Од Лозово присуствуваше и главната личност на документарниот филм “Медена земја”, Хатиџе  Муратова.

Loading