МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НОВИТЕ ЕВРЕИ ВО ЕВРОПА

На бугарско-грчки преведено би значело: Македонија и македонскиот народ не смеат да имаат свои национални интереси. Македонија била мала и затоа требало да бидеме послушни. Ако вака размислувале нашите херои, немаше да ја имаме Македонија. Денес, ја немаме Македонија, затоа што така размислуваат нашите политичари. Прикриената политика и талкањето се веќе завршени. Влегуваме во новото време без ракавици. Појдовна точка е нацијата, патриотизмот… Татковината е клучна. Во 1990 год добивме држава на македонскиот народ, а завршуваме како општество за сите. Се откажавме и од прекрасните наши митови и од македонските наши малцинства. Тоа не го наметна меѓународната заедница. Тоа ние го направивме. Не ги додржавме принципите на војводите и комитите. Да се ценкаш за она што историски ти припаѓа, тоа е предавство. Идентитетска ликвидација на цел народ се нарекува злосторнички договор. Нашата човечка и политичка заслепеност нé чини губење на идентитет, и во иднина и државата. Почитувањето на туѓите желби не е секогаш најдобар избор, ниту во животот, ниту во политиката. Со што беа принудени да направат таков чекор? Со преспанскиот договор тоа го направија доброволно. Свесно лажеа и се колнеа. Ова нема ниту човечко, ниту филозовско оправдување. Но, ниту простување. Тие се нафрлија на реализација со невиден фанатизам, на кој и нивните налогодавачи се чудат. Геноцидот на македонскиот народ е фашизам на цел народ. Идентитетски го уништуваат македонскиот народ како да им е приватен имот.

“Треба да имаш храброст и визија да направиш такво нешто”!? Не Димитров! Затоа треба само да имаш голема омраза кон сопствениот народ и држава. Нашиот хендикеп не е во тоа што немаме силно оружје, но во тоа што ги имаме овие потписници. Потребни се луѓе со мудрост и капацитет, светоглед и идеи, со став и интегритет на водачот.

Кога на државата треба да í се направи некое зло, тука се заевите адути: Прочистениот од криминал Бучковски и оној што не сакаше да имаме држава, Денко Малевски.

Она што Грците го заборавија, ќе го докрајчат Бугарите. Албанските партии се раситнија секој посебно што повеќе да уценуваат. Ако етничката припадност е причина што дошле на  некакви позиции, тоа се граничи со расизам.

“Немав избор” – му рече војникот на Александар Македонски.”

“Имаше, смртта пред предавството”.

Д-р Благоја Дамески

Loading