ПРЕДИЗБОРНИ ТВ ДУЕЛИ

Познатиот мит  за шегаџија од соседството, Бај Гањо, вели: ,,Најубаво ми е кога ќе пцујам некого,,. Неколку денови пред избориве да се потсетиме на Светите браќа Кирил и Методиј кои учествувале во научни дебати во време на неколку нивни странски мисии, најмногу против тријазичниците од Венеција. Само што пред тоа тие ја составиле словенската азбука, глаголица, која е засебна и оригинална творба со што на словенскиот јазик му дале пишан и еден траен облик. Библијата ја преведиле на словенски јазик, писмата на Апостол Павле, книгата Псалми и т.н. И токму со тој духовен капитал успеале да ги победат противниците на новата писменост.

За да бараш полемика, треба да си направил нешто реално, што луѓето можат да го видат, да го почувствуваат. А без тоа, барањето на ТВ дебати е брз начин да биде елиминирано направеното и да се создаде фалшива рамнотежа. Дефектот да се трансформира во ефект. Вистинскиот однос не треба да биде збор против збор, туку дело против дело. Инаку таквите ТВ ,,дуели,, се извртено ТВ шоуа за публиката, провоцирање на ниски страсти, претворање на граѓаните во толпа, понижување на политиката. Може да не се почитуваат, може да се мразат, може да се плашат едни од други, но во сите случаи треба да се респектираат. Не случајно, уште во ЕВАНГЕЛИЕТО на Матеј се вели: ,,По делата ќе ги препознаете,,.

Денес кога Македонија се распаѓа, локалниве кандидати се однесуваат ептен локално. Во некои моменти треба да ги користат меѓуредовите како силни адути: ,,Успех е само што го сменивме името, идентитетот,,. Таквата логика е за клиника.

,,Моралот продавајте му го на друг, и така не вреди ни петпари,,. ,,Северномакедонците, Грците и Бугарите немаат право да зборуваат за Македонците,,.

Очајни и истрошени политичари одамна ги ,,напуштија,, Македонија и Македонците. Еден ден кога ќе се разбудите ќе го почуствувате гневот на народот и ќе бидете политички мртовци. Едните недоволно покажуваат дека се антисеверни, а другите се срамат од антифашистичката борба. Дали нашето место е во ЕУ, која идентитетски нé осакати и продолжува да нé сакати, а ЕУ е проект осуден на пропаст.

На Балканот фантазиите и реалноста ги менуваат местата. Барем на надворешните притисоци и на такви треба да одговараме со внатрешна сплотеност.

ПРИМ.Д-Р  Б.ДАМЕСКИ

Loading