СО МЕРСИ ДО МАГИСТЕР ВО ФРАНЦИЈА

Невен Самарџиоски (29)

CIMG3341

Од гимназијата ,,Мирче Ацев,, Невен Санмарџиоски (29) тргнал во потрага по знаење во Франција, бидејќи македонските универзитети му биле ,,тесни,, да го демонстрира стекнатото знаење и да бара квалитетна образовна надградба. Се подготвувал за Словенија, меркал мехатроника и телекомуникации, но ја одбрал Франција, односно Лион (Инса Лион и универзитет Лион 1) каде што му излегле во пресрет со универзитетска стипеднија, а тој ги потврдил квалитетите и дарбата за инженерството, покрај стравувањата дека високите критериуми ќе биде тешко да ги исполни.

– На француски знаев само бонжур и мерси. Сега веќе имам стекнато диплома од индустриско инженерство и одржување (додиполомски) и инженерство и менаџмент на индустриски системи (постдипломски), а од септември продолжувам на втор магистерски труд по менаџмент. Ги избрав машинските студии затоа што имам инженерски корен. Сакав сам да станам ,,поп,, без вујко ,,владика,,. Природните науки ми лежеа од најмала возраст. Ми се насмеа среќата, го совладав јазикот и го пребродив здравственото премрежје во 2013 г. По покажаните првични резултати станав и првенец на генерација и стипендист на француската влада. Стекнав големо практично искуство во огромната фабриката на Пежо во Сошо на тромеѓето на Швајцарија, Франција и Германија. Три години бев во Белфорт на постдипломски студии на УТБМ – објаснува Самарџиоски.

Се восхитувал и учел. Црпел знаења. Имал одлична пракса. Имал искуство и со работа во техничка лабораторија. Потоа работел во фабрика за изработка на пружини за тешки товарни возила каде синхронизирал софтвер за ефикасно работење и одржување. Потоа во Џенерал Електрик, како супервизор на производство, во секторот за ротори за парни турбини тешки до 350 тони. Така ги завршил студиите. Не мирува во трката по знаења.

Последното работно искуство му е во светски познатата компанија Алстом како проект менаџер на шински возила за новата генерација возови, од проектирање и набавка на делови, до одржување на возовите.

-Од септември продолжувам на нови магистерски студии за бизнис администрацијата со француска владина стипендија, бидејќи ми е неопходна  да напредувам и да добијам раководна функција. Ме интересира производството. За менаџерско унапредување е потребна квалификација – вели Самарџиоски.

CIMG3345

Според него, таму има задолжителна пракса која кај нас, за жал, ја нема. Имам професионално искуство од околу три години.

– Научив многу, од оператор до менаџер. Одев чекор по чекор. Има задолжителна пракса. Во Македонија праксата е само форма. Задоволен сум од стекнатото. Себе си се гледам во иднина во татковината. Би се вратил, но засега нема доволно услови за имплементирање на знаењето – вели Самарџиоски.

Невен Самарџиоски секоја можност за работа онлајн ја користи за да биде во родниот Прилеп, во татковината покрај своите.       

Loading