Еден се бричи, друг пржи колбаси, трет се тушира…

Во државната служба

Лебди одговорот на прашањето кој општествено-политички систем е подобар, сегашниот или некогашниот. Обично се идеализира едниот, се оцрнува другиот. Дали вистината е на средина? Но, работите никаде не се сосема бели, ниту сосема црни.

Како се живеело пред повеќе децении во т.н. социјалистички систем. Еве неколку примери.

Инженерот и чудните работници

Главен инженер во една прилепски работни организаци вториот ден го ставил синиот мантил и се рашетал низ халите и ходниците да се запознае со луѓето и со процесот на работа. По седум дена заминал, оставајќи висока плата и можност да напредува во работата.

– Се разочарав. Ги поздравувам луѓето, а тие климнуваат со главата. Мислат дека сум некој љубопитен од друга средина, дека не дека сум ист со нив. Во еден агол, човек ги засукува ракавите, вади жилет и почнува да го сапунисува лицето.

-Како си, што правиш? – прашува инженерот.

– Од бетер, еве ќе се бричам.

Во друга дел од халата, нешто мириса. Се пржат колбаси, оти како што рекле пржачите, мевот им свирел, ото сношти. Наместо производството, го заинтересирале работничките навиките и дисциплината. Во друг дел, работниците собрани во група. Со зборовите, “и Господ вели не се бега од јадење”, го поканиле инженерот да прикасни од пржените јајца со сирење. Му туриле и чаша домашно винце, а тој со благодарност заминал не разбирајќи како е можно да се работи вака секој ден. На крајот, инженерот стигнал на место каде не очекувал никого. Таму некој му одговара дека никаде не го собира и решил да се тушира. Му кажал “домаќинот” дека околу 7.30 секој дена се капи и навечер дома ја штеди струјата за греење на бојлерот, оти дома била скапа.

Така завршило инженерското работноо време. Останал во организацијата шест месеци и заминал со сознанието дека не е корисен. “Открил” дека времето ќе го троши на убедувања на луѓето дека треба да работта и да ја заработата платата.

Кутриот купувач

Продавачите и купувач во социјализмот.

-Има ли млеко?

-Нема.

-Како да се најде благо млеко?

 -Со пријател – продавач.

-Ако нема?

-Ќе останеш без млеко.

-Значи, тешко без пријатели. Нив никој не ги сака.

Во друга продавница.

-Ми треба буре.

 -Зафатени се.

-Колку пари чинат?

-Не се скапи, ама нема празни.

-Кога ќе се испразнат?

-Не знам, оти маслинките не се продаваат брзо.

-Да причекам?

-Подобро не чекај!       

-Оти?

-Две буриња ми се ветени, едно за учителот на внучето, другото за роднина. Не ти се исплаќа да чекаш!

Трета продавница.

-Има млеко?

-Има.

-Може да добијам?

-Не!

-Зошто?

-Не си ми муштерија!

-Што значи тоа?

-Млеко им давам на оние кои пазаруваат од кај мене!             

Не било лесно да си купувач 1988 година.

Невкусни рекламирања

Рекламата се користи во различни форми преку радиото, преку ТВ, весници. Некои лепат плакати на видни места, оти не може да се избегне погледот во самопослугите. На стаклата има изналепено хартии на кои се рекламиираат сувомесни производи и други артикли. Најкарактеристично е околу пазарот. Стаклото од продавниците се изналепени со реклами, што минувачот не може да види дали внатреима или не продавач.

Пример за чесност

Продавач го загубил дневниот промет од 112.000 динари, враќајќи се дома во 1958 г.. Му падналепарите од задниот џеб на панталоните. Дома ги побарал и ги немало. Се избезумил. Барал и во другите џебови, но немало. Пријавил во милицијата. Таму се изненадил, оти му рекле дека парите се најдени. Ги донел наоѓач, родум од Коњари. Оваа бил редок пример за чесност.

Коцка, коцка, коцкичка

Во 1989 г. кога се заканувала четирицифрената инфлација, игрите на среќа се множеле како печурки. Многумина ја пробале среќата. Растел бројот на ,,трагачи,, по ксметот. И вештите мајстори за ,,крадевање,, на дел од среќата биле агилни. На шеталиштето секојдневно се стационирале неколку рулети на импровизирани масички со бројки кои носат ,,ксмет,,,. Наместо тоа, често празен џеб. Локацијата ги ,,бодела,, очите со толпа луѓе, каде и малите деца влегувале во царството на хазардот.

Loading