ГОРИ МОЛКОТ ЗА ИМЕТО

pismo-2

Јазикот е врзан со името. Нашето име има генеза уште во првите страници во Библијата. Името ја следи историјата на Македонија. При потпишувањето на преспанскиот договор на референдумски неовластените со Грција требаше на секоја куќа да ставиме црно знаме.

Денеска многумина станаа зелени на свој начин и по свои потреби. Што ти значи тоа екологија. Ја збришавме антиката, името, народот македонски, историјата. Македонија ја исчистивме од уставобранителите, осудени како терористи од терористите. Тие не беа терористи, тие беа очајници. Дека тероризмот е исплатив покажа 2001 година. И Американците ги амнестираа терористите во Ирак, но не ги ставија во власта.

Уште се мантра за некоја си ЕУ. Вучиќ убаво рече: ,,Со признавање на Косово, Србија нема да добија ништо, а ќе заврши како Заев со Преспанскиот договор. Не доби ништо, а изгуби сé,,.

Кај нас се случува политика на скриени намери. Се намерија да не снема, како да никогаш не сме постоеле. Ѕверска агресија врз Македонија. Јазичната федерација е веќе направена. Бугарската позиција е цементирана со декларацијата во нивното собрание. На декларацијата требаше да одговориме со декларација. Тоа што не го направивме, значи дека се сложуваме со таа бугарска декларација. Бугарите не ја заслужуваат љубовта од Македонците.

Ние не сме спремни за компромис, туку за капитулација. Затаиле чувствата на одговорност и срам. Се договараат, разговараат, потпишуваат, своето го девалвираат. Не може за судбината на државата да одлучуваат поединци. Вакви договори потпишуваат само тешко поразени во војни. Потполно се размакедончивме. Нашата самосвест за национална припадност е на многу ниско ниво. Слуги на политиката со култура на понижување. Во секој од нас има вграден механизам за враќање на меморијата. Памтењето ќе продолжИ, а антиката не ќе остане поклонета од Заев на мудриот Одисеј. Ни еден културно цивилизиран пат не одел низ Грција: Патот на свилата, Виа игнација… Сите патишта врвеле низ Македонија.

Сами си пукаат во главата. Свати народот. А власта не свати дека ништо од тоа нема да им помине.

П.С. Има ли во армијата на Македонија некое воено лице или во спортот некој спортист што ќе се откаже од сето тоа поради служење во размакедончена униформа или дрес.

Војниче, каде ти е петличето? А тебе генерале, каде ти е Македонија?

ПРИМ. ДР. Б. ДАМЕСКИ

Loading