РАСКОШОТ НА ПРИРОДАТА

Мариово

01-zovik-bridge-mariovo

Необична област. Издигната на 600-900 метри надморска височина. Планински е прилепскиот дел. И посушен и “погол”. Селата пречекуваат со камени куќи, покриени со камени плочи или слама. Нема многу вода, но фасцинираат малкуте бистри кладенци. Вредни мариовци ги заградиле, заштитиле со вратнички и кренале камени чешми. Архитектурата на куќите, е типично мариовски, со жолт камен, чардак, широки дворови, оградени со камена или дрвена ограда. Споменици на едно време.

Се негува традиционалната црвена носија симбол на културата на мариовците. Велат дека мариовците по дворовите имале закопано златници, кои ги оставале кога бегале во војните. Многу легенди случки се преплетени и сведочат дека злато има во Мариово, па е цел на дивите копачи.   

Во Мариово се “стуткале” тврдината “Пешта” од римско време, црквата Св. Димитрија во Градешница (16 век) која плени со камениот олтар, и Св.Никола, каде има фрески и црковни книги стари 350 години.

Се верува дека  Мариово, името го добило по преубавата и храбра девојка Марија, во која се вљубил турскиот паша. Но, татко í не ја давал. Марија се согласила да му стане жена, ако цело Мариово стане христијанско и да не стапнат Турци. Пашата потпишал ферман и ја зел Марија. Одејќи кон Дуње, Марија извадила нож и си го забодила во стомакот. Договорот останал,  и ден денска областа се вика Мариово.

Мариово го “сечи” Црна Река, која така ја нарекувале зашто носела по една жртва секоја година и зацрнувала семејство. Темна река, длабока околу која се изградила и рибарска куќичка, кај Расимбегов Мост. А во нејзина близина е иконата Светецот. Местото е посетено од многу луѓе.

Жуборат и со бистра, пивка вода, богата со пастрмка и Бела река и Градешка (Камена) река. Има најдолга клисура и речното корито е составено од големи мазни камења кои ја прават уникатна. Реката е природна реткост, заштитена со закон , а тука мелеле брашно 12 воденици.

mariovo zadlaboceno vo priroden ambient i nedoprena ubavina

Камениот мост во селото Зовиќ ја премостува Градешка река е ремек дело на мариовските градители. Околината е богата и со фрески нацртани во карпи. Уште е надалеку познато мариовското овчјо сирење. Природата дала и можности за развој на сточарство, пчеларство, селски, ловен туризам и производство за еколошки здрава храна.

Мариово е несекојневна атракција која не заживува преку селски туризам и хидроцентралата Чебрен. 

Денот ’ исполнет со мир и спокој во душата. Времето минува поинаку. Мозокот работи различно. Воздухот мириса на природа. Можеби ќе дојдат други времиња за убавина во едноставноста на животот и Мариово ќе заживее како некогаш.

Дом е на околу 300 стари жители над 60 години распослани низ триесетина села.

Loading