СЕ НАЈДОА МАЖИ

pismo-2

Гоце Делчев беше легенда. Никој не веруваше дека во Македонија има маж да го предаде. Се најде таков маж – го предаде. Јане, исто така, беше легенда. Кој веруваше дека ќе биде ликвидиран пиринскиот цар. Се најде маж, го ликвидира. И за Ѓорче, и за Пере се најдоа такви мажи. А Рацин – како тоа се најдоа мажи да го застрелаат како куче, небаре по забуна. А Кузман Јосифоски – Питу? И за него се најде таков маж. Никому око не му трепна. После дојде на ред најлегендарниот од сите, ангелот на македонската борба, солунскиот атентатор, министер во првата македонска влада – Павел Шатев. Двапати осудуван на смрт од еден Султан и од еден цар и двапати помилуван. Во Македонија се најдоа мажи тивко, потајум, подло го потоморија во Битола. Потоа – Ченто – првиот претседател на Президиумот на Република Македонија. Го уништија, прво политички, потоа духовно, потоа физички и на докрај историски да биде потоморен и избришан дури и од сеќавањето на Македонците. Се најдоа повеќемина мажи. Го осудија на 12 години самица за бегство преку граница, откако предходно го уапсија од дома по пижами. И од Кавадарци се најде маж со наредба да се убијат Борка Талески (студент на медицина и борец за чист македонски јазик) и Лазо Филипоски – Лавски. Така ли е полски чувару Кузе? И не кажа каде се погребани. А Панко Брашнаров? Тој идеалист и сигурно еден од најчесните револуционери во Македонија. Достоинствен, 75 годишен, беше прво тепан како куче од мажите македонски. Кога се исплашија дека ќе им умре во џелатските раце, набрзо го префрлија на Голи Оток, каде смртта осамнуваше регуларно како дел од сонцето.

И за мојот татко се најдоа мажи. На првиот погреб дремеа на портата, пред поворката (јас бев петмесечно бебе и моите четири сестрички), а на вториот погреб на Могилата на непобедените беа истопорени во свечената ложа. Како ученик, ја видов сета таа мизерија. Така ли е, ве прашувам вас двајцата? Со сите почести и претерани фалби за паднатите борци, како благодарност што се паднати, да не им се ноќен кошмар.

Еве нé во самостојна Македонија. Претседателот Бранко Црвенковски рече: ,,Ај да го видиме тој маж што ќе го промени уставното име. Во Македонија има мажи колку сакаш. Се промени и знамето, и уставот, и името. Се избриша Република Македонија, Македонец, придавката македонски. Се воведе двојазичност. Се поклони македонската антика, се брише историјата во која неговите го испратија Бранко Црвенковски.

Револуционерот од Калето, денешниот вицепремиер Груби,н а своите гости, министерот за надворешни работи на Црна Гора и на евроамбасадорот Самуел Жбогар, им подари ,,кече,, како традиционален сувенир на Македонија! Македонците ниту да гугнат. Се е туѓо, ништо не е наше. Да разговараме за она што ни е одземено, а не за она што го имаме.

Ќе дојде генерација која ќе го тргне овај срам од нашите образи. Сами се уништуваме. Во Европа народот си ја сака сопствената земја, историја, претците, имаат национална свест, чест и достоинство. И не дај Боже да им стапнеш на нешто од нив.

ПРИМ.-ДР-  Б. ДАМЕСКИ

Loading