ИСТОРИЈАТА НА ЕВРОПА ПОТЕКНУВА ОД МАКЕДОНИЈА

ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ

pismo-2

 

,,Целата историја на Европа потекнува од Македонија. Затоа сите ја негираат,,.

Ова го изјавил Винстон Черчил во 1953 година. Бил премиер на Велика Британија, еден од најголемите воени лидери од 20 век. Човекот кој даде оогромен придонес за поразот на Хитлер. И сликар, историчар и нобеловец бил.

Во неколку наврати изјавил: ,,Балканот произведува повеќе историја, отколку што може да ја консумира. Целата историја на Европа е поврзана со Македонија. Европа ја подели Македонија во 1913 година. Во време на првата светска војна,, најголемите битки се водеа на македонска територија. Правени се обиди за асимилација на Македонците, за среќа, безуспешни. На крајот, во еден дел од Македонија, Македонците создадоа своја држава, во рамките на Југославија. Но, таквата причина ја исплаши Грција, па направи егзодус на Македонците. Македонците се потомци на Филип и Александар Македонски и имаат право да живеат во своја држава. Но, се плашам дека нивната богата историја во иднина ќе им донесе преголеми проблеми кои ќе им ги наметнат Грција и Бугарија. Затоа имаат страв од постоењето на Македонија и Македонци,,.

Да, ова е вистината за Македонија, кажана од великанот на 20 век Винстон Черчил. Што да додадеме. Неговите предвидувања се остваруваат. Се носат тешки одлуки со далекосежни последици за земјата и државата. Се најдоа некои неовластено да потпишуваат некакви си договори. Ја збришаа македонската антика, Република Македонија, Македонец, македонски. Сега не знаат што да направат со новите лични карти, а да ги избагнат овие збришани поими. Брука невидена. На власт сте за да се справувате со предизвиците, а не да ни ја распаѓате Македонија. Дури и Нивице ќе добие име на улица во Скопје. Дали во Ерусалим некогаш Евреите ќе именуваат име на улица со Адолф Хитлер. Или норвежаните со Видкун Квислинг, кој експресно го стрелаа по ослободувањето.

Зарем е можно силата на фактите да е посилна од силата на вистината. Не ни е потребно замајување со полувистини, но никој од нас не може да предвиди кога некој ќе ја отвори устата и ќе ја изрече вистината.

ПРИМ. Д-Р Б. ДАМЕСКИ

Loading