НЕМА ПЛАЧ НА ПАРТИ ЅИДОТ

Zivna stariot zid so Cento Aleksandar i so kamenata scena pod otvoreno nebo

Штом среде некој град има ѕид, мора да имал некоја голема мака. Такви биле и Берлин и Ерусалим. За нашиов не може да се рече дека е за ронење крокодилски солзи или за редење на текстил за среќа. Не за џабе се пее, се игра се свири се концертира. Тој е “мека” за забави, собиралиште на музичари, уметници. Додуша летово помалку поради пандемијата, сепак остана центар за културни манифестации, особено со уредувањето на камената сцена. Се играа и претстави како “Крпен живот” пред десетина години. Не е околината пуста. Облагородена е. Со атрактивната фонтана, со споменикот на Александар, а и со Ченто. Со сета хортикултура, создадено е импресивно градско катче крај остатоците од ѕидот на некогашниот Куршумли ан. На каменот му е дадена душа, нов стил на богатото културно наследство. Дотера на е градската срж.

Понекогаш во малите саати, дел од младите потпивнуваат по некое шише пиво или црвено вино за кревање на адреналинот. И тоа има свој шмект на волшебниот простор.

Меѓу новите градби, ѕидот сведочи за градскиот ритам, менувајќи ја физиономијата на центрот.         

Loading