Познато е дека историјата ја пишува победникот, а тој што ништо не победил ја фалсификува!
x
Драмите со самозалажување во младоста се претвораат во трагедии во староста.
x
Коњот на шаховската плоча не го употребувај како магаре.
x
Носи товар што можеш да го поднесеш, а не таков со кој само се перчиш.
x
Од дилетанти не се очекува никаква добивка.
x
На прашањата за војна одговори можат да се обезбедат само во мир.
x
Проблемите во домот не се решаваат во домовите на соседите.
“Д-р Хаџи-Васков”