МЛАДОСТ У. – Г. КОЊАРИ 8:5

Трета лига

Фудбалот поради изменетите правила и напаѓачките тактики, е спорт со повеќе постигнати голови отколку во минатото. Реткост се мечевите со 0;0. Во најновото коло од Третата лига – Југ, во Удово Младост со 8:5 го совлада Големо Коњари. Првото полувреме беше 4:4. Претходно, Младост на 6 меча даде 10 гола, а Г. Коњари на 7 меча постигна 9. Изненадување на колото е поразот дома на Напредок Крушеани со 0:2 од Обршани. Стрелци: Виктро Глушески и Филип Кукески.

Во следното коло е мечот Г. Коњари – Напредок.

Loading