Прилепски мајтапења
Со почетокот есента се сменија и тертипите и мините за драпачки на светилиштето за мајтапења на пензионерите во паркот. Собирите се ноемвриско после 9 до сончевото зрачење.
– Лујџе, од утре, на сабајле, да се нацртувате тро подоцна, оти од студ некому можи да му се слоши и да му се снеарни. И то, со маски, на дистанца, да не не вати некој за муцки – се обрати стрико Цане.
– Значи, помочани да дојме? Водете есап. Треба да ги нараниме чавчинана дома. То го прајме до девет – потврди едно дебело човече близу до 80 лета за новиот термин.
– Дембел, изгледа тебе те рана, а не ти ниф. Ко шо глем, раката од то мево не ти досига до уста – сакаше да ја спречи натамошната дискусија стрико Цане.
– Цане, остај ги лујџето даси кажат што мислат. Светилиштево е за ниф. Секој има право на збор. Нашиов ќе биде последен, како во сите демократи – побара мир стрико Рампо.
– Туку, кој че се јави за драпачка, нека крени рака?
– Јас Цане, сакам да се пожалам. Ова шо сум дебел е от то шо немав заби. Сé шо јадев не џвакав. Голтав ко гусак. Зато сум вака згоен – вели дембелиот.
– Оти не си прајш вилици, бадијала се, на државно?
– Лани напрајф, ама не можеф да ги носам.
– Шо му напрај?
– Му се пожалиф на комшијата Перо, а тој ми вели, сакал-нејчел мора да ги носиш. Се истрчав и од нервоза реков: -Побрзо че ги помочам, отколку да ги клам вуста. Не се тра. Трески ме вајча од нив.
– И, шо после?
– Шо, згора на фалбата се кладеф со Перо на 100 банки дека дури не и помочам не í клам вуста. Сам сум кабает. Перо не ми дава изим, си ја бара опкладата, а пари се нема.
– Перо не попушта?. И ти си се сторил ко буре. Можи че ти пукни кожата. Комшијата ти бил без исав.
Ете ми го и комшијата Перо. И вели .
– Ако нејчи да ги помоча, нека ми дозволи мене и че му простам – се огласи Перо.
ДДБ