Онлајн наставничката го прашува малиот Пејо:
– Пејо зошто немаш домашна?!
– Не сме ја свариле уште наставничке!
Викендов ќе биде готова, колку литри сакате?
На попис:
– Што работите, госпоѓо?
– Јас сум комшивка.
– Каква професија е тоа, што прави комшивката?
– Па мрази, завидува, колне, се жали…
Кај стоматолог:
– Докторе, колку земаш за чистење?
– 1500 денари.
– Само забите, докторе, џамовите и вецето ќе ги исчисти жена ми.