Состојба со коронавирусот
За една седмица починале 19 прилепчани од последици на коронавирусот. На кислородна поддршка се 52 пациента.
Во периодот од 9-15 ноември, според податоците од Центарот за јавно здравје, во општина Прилеп имало 362 нови случаи на коронавирус. Од последици на коронавирусот, починале 19 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 879. Од нив 729 лица се наоѓаат на домашно лекување, 91 на болничко, а 59 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓаат 52 пациента.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.034 лица. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 во општина Прилеп изнесува 2.180.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 98 лица.