ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, ПАК ВО БЕЛ МАНТИЛ

Заради алармантната состојба со корона вирусот

Jovanoski vo bel mantil

 

Градоначалникот Илија Јованоски повторно го облече белиот мантил. Костумот го замени со медицинска опрема. Од 10 ноември им се приклучи на колегите од болницата да помогне во борбата со пандемијата од короната. Потегот се должи на огромниот недостиг од медицински персонал во болницата и алармантната ситуација со Ковид 19. За една недела има 377 нови случаи на Ковид 19 и 15 починати.

–  Како градоначалник и шеф на Кризниот штаб, а пред сé како човек со професија лекар, се ставам себе си на располагање на Инфективното одделение во болницата. Како волонтер ќе бидам секојдневно присутен во Инфективното одделение и како доктор со долгогодишно искуство, ќе им помагам на колегите и пациентите во справувањето со корона вирусот. Тоа ќе го правам додека има потреба од дополнителен медицински персонал и според развојот на ситуацијата со вирусот. Независно дали тоа ќе бидат 7 дена, 2 недели, месец, два месеца или повеќе ќе бидам присутен. Свесен сум дека припаѓам во ризичната група на граѓани, над 60 годишна возраст, кај кои се поголеми шансите да заболат и да развијат потешки компликации од вирусот. Тоа е пресметан ризик. Како лекар кој ја положил Хипократовата заклетва, застанувам рамо до рамо со колегите, на кои во овие исклучително тешки моменти им е потребна секојдневна помош во битката за спасување на човечки животи.

Ilija

Мојот личен пример, нека биде поттик за сите лекари, доктори специјалисти, сестри од матичните амбуланти, болничари и друг медицински персонал, да се вклучат и во согласност со нивното слободно време, волонтерски, да им помогнат на колегите од болницата. Ги уверувам граѓаните дека со мојот ангажман во Инфективното одделение, нема да запрат активностите како градоначалник на општината. Времето ќе го организирам во обезбедување континуитет во работата на локалната самоуправа – рече градоначалникот Илија Јовансоки.

Според него, граѓаните речиси без исклучок носат заштитни маски, што е најдобарта заштита од ширење на коронавирусот.

ПЦР тестирања во Прилеп

Градоначалникот Јованоски најави можност за скоро време и во Прилеп, во Центарот за јавно здравје да се вршат ПСР тестови.

– Во Центарот за јавно здравје имаат апарат за вршење ПСР тестови. Ќе се заложам да им овозможиме на најголемиот дел од нашите сограѓани да се тестираат овде. Има донација од Гентерм и Мермерниот Комбинат и заедно со општината, во наредниот период ќе го направиме овој Центар за испитување на ПСР тестови – нагласи Јованоски.

Loading