КОЛОНИ АВТОМОБИЛИ ПРОТИВ ПОСКАПАТА СТРУЈА И НЕПРАВДИТЕ

Протест низ улиците на ВМРО – ДПМНЕ

potest na vmro

Со автомобили низ улиците низ градот, поради ковид-19 кризата, ВМРО ДПМНЕ и поддржувачите, протестираа со барање за враќање на старата цена на струјата и разрешување на членовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Опозициската партија протестираше и против политичкиот прогон и партискиот реваншизам, потенцирајќи го Јане Ченто, осуден за насилствата од 27 април 2017 година. ,,Правда за уставобранителите,,, ,,Правда за Јане Ченто,, беа пораките од протестот во вторникот.

-Не се трпи тиранијата од мафијата на власт. Се врши тортура и политички реваншизам. Неправдите нема да продолжат. Со инсталираните судии и јавни обвинители, на власт не им пречат секојдневните афери, злоупотреби и крадење на народните пари. Не им сметаат предавствата со промената на уставното име и други работи кои задираат во македонското ткиво со Договорот за добрососедство со Бугарија, каде сакаат да го испоганат и Гоце Делчев како револуционер врз кој се гради македонскиот идентитет. На оваа банда им пречат невините уставобранители, кои од ракав ги осудија на преку 200 години затвор. Луѓето невини гнијат, како нашиот сограѓанин Јане Ченто. Народот го крева својот глас – рече пратеникот и претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески.

ВМРО-ДПМНЕ организираше протести во Скопје, Охрид и Прилеп. Ова втор месец на уличен израз на незадоволство.

Loading