БАРАЊАТА ЗА НАСТАВА ВО УЧИЛНИЦИТЕ

Над 85 отсто од родителите бараат децата да ја почнат училишната година со физичко присуство. Барањето од Прилеп е упатено до Министерството. Родителите добија поддршка и од локалните власти, оти училиштата ги презеле сите протоколи за заштита. Со добра организациј во повеќе смени и групи може да се изведува настава. Барањата се оправдани оти училиштата можат да организиараат повеќесменска настава.

Засега можно е да се изведува настава во училиниците само за децата од 1 до 3 одделение.

Училиштата се подготвуваат и за онлајн настава и настава во училниците. Поради практичната настава, стручните училишта сметаат дека е погодна  настава со физичко присутво.

Во Прилеп има 10 основни и 5 средни училишта со 10.340 ученици.

Loading