Имало некој човек од Поље шчо одел во неко село на гости. По пато нашол мачка. Бил много сиромав и ја зел мачката. Ошол кај мариовците в село. А тија не мојле да вечерат од глувци. Ко седнале, сите си земале стапојте да се бранат од глувците. Излегле глувците, а мариовците вечерале и мавале со стапојте на глувците. Тогај ја пуштил Пољо мачката на трпеза, а глувците сите побегнале.
Мариовците му рекле:
-Колку пари сакаш за тој ѕверчето, да ни го дајеш!
– Не се докупва!
Утредена ко станале, му дале мариовците еден шиник злато за мачката. Пољо си зел шинико злато, ја остаил мачката и си ојшол. Мачката излегла низ врата, се качила на една црница и зела да се мазни. Ја видел Итар Пејо и свикал по селаните:
-Излегајте, браќо, шчо је онаја ѕвер на црницата!?
Излегле сите и викаа по тој шчо му ја продаја:
-Е-е-еј, шчо да му дајеме на ѕверчето да јади?
Пољо беше подалеко заминат, се пулил назад и му викал на мариовците:
-Мас, мас!
Пејо и тије не чуле арно и му се сторило да не му вели -,,Вас, вас,,!
Итар Пејо си стори работа. Ги собрал сите селани, со жени, со деца, избегале и го запалиле селото да гори да изгори мачката, да не ги појади како глувците! Така останале без куќи, а Итар Пејо го сотрел своето село!