ПОЛУФИНАЛЕТО МУ ПОБЕГНА НА СЕДЛОСКИ

Фудбал: Лига на европските шампиони

Прилепчанецот Гоце Седлоски, како тренер на младинскиот тим на Динамо од Загреб, застана во четвртфиналето од Лигата на европските шампиони за играчи до 19 години. Во битката за полуфиналето, хрватскиот претставник иако имаше водство од 1;0, со 1:3 загуби од португалската Бенфика. Мечот се одигра на неутрален терен, во швајцарскиот град Нион.

Во полуфиналето се среќаваат: Ајакс – Бенфика, Салзбург (Лион) – Интер (Реал Мадрид).

Loading