Ракомет
Суперллигашот РК Прилеп е шести меѓу осум учесници на турнирот во Струга. Екипата на тренерот Горан Кузманоски во групната фаза постигна победа со 32:28 над РК Струга, а загуби од скопски Металург (24:33) и битолски Еурофарм Пелистер (17:38). Во дуелот за петтото место претрпен е пораз (23:25) од скопски Бутел. Првото место го освои Еурофарм Пелистер, второто европскиот првак Вардар.
До стартот на суперлигашкото првенство, на 12 септември, има време за уште неколку пријателски мечеви на РК Прилеп.