ОДБЕЛЕЖАН ПРАЗНИКОТ СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН

Bolnica Patronat

Секоја година традиционално во црквата во болницата се одбележува празникот Св. Пантелејмон кој се верува дека е патрон на лекарите и здравствените работници и по народното верување исцелител на болните. Со сите превентивни мерки, со малобројно присуство, година домаќин беше инфективното одделение. Покрај макотрпната работа, ризикот по своето здравје, посветеноста кон болните од коронавирусот, строго почитувајќи ги правилата, не пропуштија да го одбележат овој ден, со присуство и подршка од раководството на болницата. На домаќините им се придружи гадоначалникот д-р Илија Јованоски. По свечаната литургија началничката на инфективнот д-р Мирјана Крстеска го предаде кумството за следната година на д-р Сашо Пирганоски, началник на одделението за психијатрија.

,,Сите посакавме да го нема веќе ова зло, посакавме да има вакцина и да се вратиме на нормалното секојдневие. Од ова свето место апелираме, граѓани, заради себе и за своите најмили, да ги применуваат мерките за заштита. Патем, Св Пантелејмон бил голем патник и тој ги управувал ветровите и така секогаш го продолжувал своето патување. И нека дувнат поволни ветрови кои носат добро здравје, мир и добросостојба! И како Св. Пантелејмон да може добрите ветрови да не однесат до убавите дестинации, до драгите луѓе! За многу години Св Пантелејмон,,! – напишаа лекарите на ФБ.

Loading