70 годишна прилепчанка го победи коронавирусот
По три недели емотивна и стресна ,,битка,, со коронавирусот, оздраве 70 годишната сограѓанка Виолета Мирческа. Вели дека не би успеала без лекарите и мотивацијата од семејството. Таа порачува да се почитуваат мерките за заштита, да се носат маска, да се одржува лична хигиена и да се одржуваат растојание од два метра.
-По една недела со симптоми на ковид-19, бев хоспитализирана во инфективното одделение во болницата. Лекувањето беше тешко. Бев ставена на кислородна поддршка. Се чувствував многу лошо. Медицинскиот персонал во болницата го даде максимумот. Беа неуморнида ја подобрат мојата здравствена состојба. Без лекарите немаше да успеам да ја добијам оваа битка. Благодарна сум за грижата, но и за хигиената во установата. Презадоволна сум. Голема мотивација ми беше семејството, децата, брат ми и сопругот кои ја минаа ,,приказната,, заедно со мене. Да не минат по мојот,,пат,, на граѓаните им препорачувам да носат маски, да се грижат за хигиената и да држат растојание од 2 метра – вели Мирческа, чие искуство на ФБ го сподели министерот за здравство Венко Филипче.