60 ДЕНА БЕЗ МОСТ КАЈ СТОЧНИОТ ПАЗАР

112

Заради поројните дождови кои што ја зафатија општината, како и заради градежните активности на мостот во населбата Сточен пазар, затворена е за сообраќај улицата ,,Трајко Николоски,,.

Организиран е привремен режим на сообраќајот, со кој следните 60 дена улицата ,,Трајко Николоски,, ќе биде целосно затворена за движење на моторни возила, освен за жителите од оваа улица.

По завршувањето на градежните работи на новиот мост, улицата ќе биде повторно ставена во функција, за што граѓаните ќе бидат навремено известени.

Инаку, привремениот мост го урнаа граджинците со машнина, бидејќи тесното корито не можеше да ги собере надојдените води во реката и стихијата се закануваше да ја поплави околнината и да предизвика огромни штети.

Loading